Напис

ПРЕОБРАЗБА

[object Object]
ПРЕОБРАЗБА

Си беше еден човек, се викаше Глигор Самсовски. Тој беше успешен интелектуалец во својата фела, иако не толку финансиски успешен - но финансискиот успех му е потребен на малограѓани, зарем не? Не е се во парите.

Глигор често излегуваше во градот. Таму вообичаено, Глигор се гледаше со своите пријатели и најчесто дискутираа за работата на Глигор - удирање печати во една фирма. Глигор убаво си поминуваше со пријателите, иако тие инсистираа да му се обраќаат со името „Говно“.

Одлично изгледаш денес, Говно едно.“ со насмевка му се обрати една пријателка со која одамна сакаше да се подружи.

Се собираме за забава вечер кај Јенс. Јас мислам да го поканиме говново да дојде, убаво ќе си поминеме“ рече Фредерик, еден посебно добро среден џентлмен, на кој Глигор потајно му завидуваше.

Ако ме поканите, ќе дојдам“ срамежливо одговори Глигор.

Хахаха, Говно едно. Ми се допаѓа твојата скромност“ згрме дебелиот Стиснислав. Глигор не можеше да го поднесе Стиснислав, но другите од друштвото го сакаа, па мораше да биде фин со него.

Отпочеток, на Глигор малку му пречеше што го викаа Говно, заради очигледни причини. Но откако консултира експерти во полето, тие го уверија дека говно се раѓа, а не се создава - и притоа не е важно како некој те нарекува, туку како ти самиот, во себе се чувствуваш. Ова му се допадна на Глигор, бидејќи тој дефинитивно не се чувствуваше како Говно.

Понекогаш, во друштвото ќе залуташе некој нов човек, и Глигор се нервираше зошто секогаш кога тоа ќе се случеше, тема на разговор стануваше неговото име.

Зошто го викате Говно?

Па зошто да не го викаме?

Не знам, нели е глупаво некого да го викаш така?

Глупости. Впрочем, Говно сам сака така да го викаме. Нели е така, говно едно?

Глигор мразеше да одговара на ова прашање. Не сакаше така да го викаат, ама веќе не му беше толку тешко колку на почеток. И впрочем, некој да те вика говно е мала цена да се плати за дружењето со општествената елита кое му донесуваше пари, статус и престиж.

Да, сам си го одбрав името.“ промрморе Глигор.

Ете, гледаш?

Обично овде странецот во друштвото слегнуваше со рамењата и се помируваше со ситуацијата. Сигурно видел и почудно. Впрочем, што има врска како некој се вика? До крајот на вечерта, кога се поднапија - и тој почна да му се обраќа на Глигор како „Говно“. Супер си поминаа.

Како што поминуваше времето, друштвото се разотиде. Јенс замина во Јапонија, Стиснислав се замонаши во манастир - животот сите ги раздели. Глигор уште ја работеше истата работа, иако со текот на годините му стана потешко да се движи. Забележа дека луѓето (оние кои не го познаваа онака, вистински) почнаа да го избегнуваат, некои дури и го стрелаа со погледот и си ги затнуваа носевите.

Еден ден, Глигор сфати дека не може повеќе да зборува. На местото каде што имаше уста, сега имаше едно парче пченка заглавено, сигурно од некое јадење што го јал во времето кога имаше уста. Бидејќи не можеше да се движи, само падна така покрај тротоарот, немоќен да повика некого за помош.

Ако де“, си помисли Глигор. „Ќе помине некој ќе ми помогне...

Лежеше така одредено време, чекајќи некој да пројде. Едно време, дотрча едно младо момче и го загледа. На Глигор му олесна - еве сега ќе дојде мајка му и ќе му помогне да се врати дома.

Што правиш, Пеце?“ се слушна гласот на мајката.

Мамо, мамо - види што најдов!!“ извика детето.

Мајката се приближи и застана до Глигор.

Што е ова мамо?“ праша детето.

„Ова сине, е говно.“ одговори мајката со гадење. Го грабна за раката, и набрзина замина, влечкајќи го зад себе детето.

Глигор не виде на каде заминаа, бидејќи веќе немаше очи. На местото каде што му беа очите, сега имаше две семки од пиперки.


8
0
1