Напис
Ја подзаборавивте црквата

„Доста замарате со црквата“ беше рефренот

Движење Бојкотирам беше единствената организација во Северџанистан која отворено застана против договорот за уништување на МПЦ, во период кога сите други медиуми, големи и мали, еден по друг застануваа на ред или да молчат или да ги обвинуваат оние кои аргументиравме против „томосот“ на СПЦ како „фанариоти“.

Еве сега, веќе недела-две, Движење Бојкотирам веќе не се занимава со црквата. И предвидливо, темата за црквата пропадна во очите на јавноста во опскурност. Веќе отворено јавно противење на „томосот“ на СПЦ нема во Македонскиот етер, ниту онаму каде НИКОЈ НЕ СЛУША.

Со ова започна циклусот на нормализација на „томосот“, и продажбата на црквата што ќе кулминира со промената на нејзиното име. Веќе ни пропонентите на „томосот“ не сакаат да го бранат, затоа што сега тоа ќе значи бранење на поставувањето на Јован Вранишковски како митрополит на новата Крушевско-Демирхисарска епархија - а тоа, дури и за малоумните „мирјани“ е преголем залак. Тоа, се разбира, не значи дека нема да го голтнат.

А и нема потреба да го бранат, затоа што повеќе никој не го напаѓа. Предавничките и поданичките медиуми се префрлија на дебата КАКО бугарите да влезат во Уставот со најмалку газоболие, и сите ние другите, како послушни овци го прифативме тој „напредок“ во работите.

[object Object]
Јован Вранишковски одржува служба на 13 Мај 2023 во Битола

Во меѓувреме, иако до само пред два месеци не уверуваа дека Вранишковски го „нејќеле“ ниту во СПЦ, па ќе го заглавеле во некој манастир за да ја заташкаат работата - еве го Вранишковски здрав и прав ќе станува митрополит, а со малку богонаклоност ене кај ќе стане и Архиепископ - а понатаму можеби и светец. На сликата е сликан пред 7 дена.

Паљачо и понатаму занимава ретарди со собирање на неговата декларација, која првенствено служи како ерзатц-референдум за народно прифаќање на „томосот“ од СПЦ. Кога ќе се реактуелизира прашањето за името на МПЦ за некоја година, илјадниците потписи со кои сега Паљачо лаже ретарди дека биле за „зачувување на името“, ќе се толкуваат само како потписи од верници кои ја виделе мудроста на компромисот вграден во „томосот“ на СПЦ, и ќе се користи како аргументација зошто уствари тие претставувале поддршка на промената на името - пошто нели не биле глупави, гледале што потпишуваат!

Продолжува маршот кон десензитивизација на луѓето кон последното предавство, потпомогнато од менталниот блок на традиционално-религиозните луѓе за работи поврзани со црквата. Познавам човек кој беше цврсто на про-Македонски позиции се до моментот кога не ја проширија заразата на црквата (што нему му е многу важна). Кога тоа се случи, и тој човек одбра да жртвува делче од Македонштината заради црквата.

Така работи душманот. Ја користи вашата љубов кон нешто за да ве зарази и излаже.

Во меѓувреме, слушнете го Љубчо Георгиевски, докажан бугараш и душман на Македонштината, како ги повторува тезите на оние кои го „бранат“ „томосот“ на СПЦ (како Паљачо и Тодор Петров), но бидејќи знае дека не може никој повеќе да излаже во неговиот наводен патриотизам, го донесува истиот заклучок за Вранишковски кој Движење Бојкотирам не можеше да ги доведе ниту Паљачо, ниту Тодор Петров да го признаат - а тоа е дека целава оваа ситуација е аналогна на Нишкиот Договор по сите параметри, и дека Вранишковски испадна во право, и дека треба да прими извинување, ако не и прогласување за светец.

youtube.com
Поранешниот Премиер Љубчо Георгиевски: Македонското општество да му се извини на Архиепископот Јован
Во своето најново интервју со новинарот Васко Ефтов, поранешниот Претседател на Владата, г. Љубчо Георгиевски, истакнува дека со Нишкиот договор сите постапк...

Повикот да „престанеме да замараме“ со црквата не е повикот на OBE DINU VANE кој мислите дека е. Никого со никој не обединува преминувањето преку сите предавства и скандали, туку ги амнестира минатите предавници и внесува новите предавници во здравото ткиво на Македонштината.

Комуњарите кои ви ја распродаваат историјата, културата, традицијата, идентитетот и гордоста не ги интересира ниту доследност, ниту личен интегритет, ниту конзистенција, ниту еднаквост. Нив ги интересира само да ве пренесат до следниот обрач на дијалектичкиот сврдел - а тоа е следниот скандал, следното предавство.

За кога ќе се свестите и кога ќе се уморите, и кога ќе ви е доста од предавства - кога ќе се свртите назад да видите ПЛАНИНА ПРЕДАВСТВА која ќе ве обесхрабри дека било што може да се промени.

Затоа - останете со нас:

Смрт за Северџанистан значи - ПОНИШТУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР и целокупната законска регулатива изведена од него, ПОНИШТУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕТСТВО СО БУГАРИЈА и целокупната законска регулатива изведена од него, и ПОНИШТУВАЊЕ на целокупната законска регулативе изведена од ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА.

Заедно со овие суштински три позиции (кои не треба да се контроверзни за никој Македонец ниту пријател на Македонија), испаѓа и поништување на сите законски и подзаконски акти донесени од нелегалното собрание конституирано на 27.04.2017 година, и кривичен прогон на сите оние кои свесно придонесле за функционирање на така нелегално инсталираната окупаторска власт за велепредавство.

СМРТ ЗА СЕВЕРНА


11
2
2