Мицкоски: Не сум против влезот на Бугарите во уставот. Ми пречи само тоа да е под бугарски диктат, но нема никаков проблем ако сами си ставиме јамка под врат.
По денешната лидерска средба во клубот на пратеници се чини дека Мицковски ги отвори картите...три прсти. Веќе нема никакви илузии и дилеми дека Мицковски и ДПНЕ треба да испорачаат влез на Бугарите во уставот по секоја цена, оние Бугари кои активно негираат постоење на македонски народ, нација, историја и култура. Во оној устав кој тврди дека правата во Северџанистан се остваруваат не на индивидуална ами на колективна етничка основа, каде овие идни газди во уставот ќе треба од сопствен џеб да ги плаќаме да не негираат во сопствената држава(не дај боже некој да побараше ова да се направи на реципрочна основа и во Бугарија).
Главниот проблем на Квиско и дружината во овој момент, е како сево ова да пројде а да тие не изгледаат како предавници кај обичниот народ(хорско пеење на "ова е пуч" и 8 нови отстапници е веќе потрошена финта). Ќе мора ДПНЕ да испорача, црно на бело, поддршка по еден или по друг начин, се бара само формулата како да не се сети народот за новото предавство.
Аматерскиот магионичар од денес почна да извлекува секакви зајци од шапка кон оваа цел:
Да не биле ДУИ во владата за национално предавство. Супер, им одговара. Нема Албанците да ни се криви овој пат за предавството. Ќе се вратат во владата веднаш штом ќе раскрчмите тоа што треба со СДС и потоа пак ДУИнг бизнис по старо.
Да не биле промените под бугарски диктат. Ок, што е твојот диктат?
1. Да биле уставните промени на одложено(како да се можни уставни измени на "одложено") откога ќе почне ратификацијата за ЕУ. Изгледа предавство не е предавство кога е на одложено плаќање.
2. Да ни дале европските институции гаранции за македонскиот идентитет, откако сами ќе си го дозакопаме во северџанските. За што се тие гаранции ако не постои никаква опасност како што не убедувате?
3. Да фрли Европа некоја пара за "бизнисот" после промената, да не биде курвањето за беспари(ова е изгледа поука од минати искуства).
4. Да не остане покусо дека не побарал права за Македонците во Бугарија, од 14 пресуди во полза на Македонците, Бугарија да си одберела по лична желба 3(три) пресуди кои ќе ги исполни(сигурно има барем 3 за некаква едноставна финансиска отштета). Веројатно не треба да изненадува дека како и дома така и кај соседите македонските права се предмет на п откусурување, трговија и пазарење.
Фала ти за ЕРГА ОМНЕС Квиско, тркалото е завртено, дијалектиката кон целта може да продолжи.