Напис

На 11 Октомври 1941 година, во врвот на Нацистичката сила, кога никој „нормален“ не мислеше дека нацистите, фашистите и нивните локални извршители (нашите нови полу-браќа бугарите) некогаш ќе бидат поразени - 16 „будали“ го нападнаа полицискиот участок во Прилеп барајќи слобода не само за себе, туку и за своите сограѓани.

Во деновите пред нападот, многу од нивните пријатели им зборуваа дека е бескорисно да се бунат против очигледната неправда.

„Џабе се буните, не може никој да ги порази бугарите, тие се подмачкана машинерија“

„Луѓето се овци, прават она што ќе им се каже“.

„Што ви треба вас да се занимавате со ова, дајте некој бизнис да им продадеме на Бугарите нешто, имаат тие пари“

„Абе нас за ништо не не' бива, само за ропство“

“Што бре, демек вие 16 нешто ќе правите кога цел народ ништо не прави?“

„Наместо да се глупирате, дајте да се собереме и да им помогнеме на браќата бугари да не заштитат од другите“

„Бугарија е помалото зло, таа ни е единствената шанса за заштита од Грците и Балистите“

[object Object]
Севернамајкати

Сите беа релативно млади. На игранките во неделите пред нападот не добиваа многу „лајкови“ од девојките - тие беа позаинтересирани за бугарските офицери и начешланите кодоши кои беа стално стросани. Нивните другари од детството се плашеа да им „коментираат“ на нивните радикални ставови по улица, за да не ги види некој од на работа и да каже некому дека биле против власта.

Но секој од нив, поединечно - знаеја дека го прават она што беше потребно. Нив не им требаше голема толпа луѓе да застанат зад нив, не им требаше огромна организација која ја крие својата неспособност во огромното членство. Сите, еден по еден, сам за себе знаеја што треба да направат. Неодобрувањето и отсуството на поддршка од пошироката народна маса не ги поколеба.

Тоа е Движење Бојкотирам. Ништо нема да ти вети, нема да ти пушта СМС, нема да те организира во штабови. Само кога ќе сакаш да делуваш, ќе биде тука да те поддржи.

Придружи се.


3
0
0