Напис
ПЕРФОРМАТИВНА ОПСТРУКЦИЈА

За „настапот“ на двата пратеници од Љевиц во Собранието на Северџанистан.

Крајно време беше некој да се обиде да ја опструира работата на окупаторските институции, затоа што на секој нормален човек треба да му биде јасно дека никаков закон, никаква процедура, никаков деловник не може да поколеба криминалец во неговата намера да го прекрши законот.

Собранието на Северџанистан е нелегално и окупаторско. Движење Бојкотирам, дури и кога учествува на избори во Северџанистан, тоа го прави со јасно декларирана намера дека не влегува во Собрание или во Совет за да „дебатира“, или да се бори со амандмани или некако деловнички или легалистички да интервенира. Не - ние сакавме да влеземе во институциите на системот за да може одвнатре да го опструираме.

Опструкцијата која ние сакавме да ја правиме на површината можеби изгледа како опструкцијата што ја направи Љевиц во Понеделникот, но е суштински различна.

Немаше реална опструкција

Реално гледано, вистинска опструкција за работата на Собранието немаше. Да, имаше спектакуларен момент каде пратеник фрла хартија во лице на претседателот на Собранието, уништува инвентар и генерално се конфронтира со лицето на окупаторот, но единствениот резултат од сето тоа беше 30 минутно одлагање на седницата. Истите пратеници кои „опструираа“, во продолжението на седницата си седнаа дисциплинирано во своите седишта и уредно си гласаа против.

Тоа наведува дека „опструкцијата“ што ја создадоа пратениците на Љевиц беше чисто ПЕРФОРМАТИВНА. Тоа значи дека беше дизајнирана, изглумена и изведена како опструкција, без да ја има суштината на опструкцијата - а тоа е нешто објективно да се спречи ПО СЕКОЈА ЦЕНА. Она што пратеник од Движење Бојкотирам би го направил различно е тоа што ќе продолжеше да опструира и во продолжението на седницата. Суштинска опструкција значи опструкција до крајната цена - а за еден пратеник тоа значи да биде одвлечкан насилно, клоцајќи и врескајќи, надвор од собраниската сала.

Ние имаме видено таков вид на суштинска опструкција, кога пратениците на СМРДСМ го опструираа донесувањето на буџетот.

[object Object]
Шеќеринска насилно отстранета од собраниската сала

На социјални мрежи излегоа статуси од пратениците на Љевиц во кои тврдеа дека некој им се заканил со физичко отстранување од собраниската сала.

[object Object]

Димитар Апасиев дури напиша „Предизвикот е прифатен.“ како што може да се види на сликата погоре. Испадна дека сепак не било така, затоа што ултимативно не дојде до физичко исфрлање на пратениците од Љевиц од пленарната сала, примарно затоа што самите тие не дозволија да дојде до тоа, затоа што дисциплинирано си седнаа на своите столици и гласаа против, со што се заврши епизодата на „опструкција“.

Испадна дека пратениците на Љевиц не беа подготвени суштински да опструираат, туку како и досега, да си направат едно видео клипче кое ќе им служи за реклама по социјални медиуми, без да се стават во никаква опасност да бидат цензурирани од окупаторската власт. Аргумент за ова е и постот на сопругата на Димитар Апасиев пред да почне седницата на која се случи „инцидентот":

[object Object]


Рамнодушност на „нападнатиот“

Нападнат во целава оваа ситуација беше потпретседателот на собранието од редовите на СМРДСМ. Забележете дека некоја голема реакција од него нема, додека пратеник му фрла листови хартија во лице, и додека летаат собраниски реквизити околу него. Изгледа дека човеков добро знаел точно до каде ќе одат двајцата пратеници, затоа што отсуствува реакција на непредвидливост кај него. Вообичаено, доколку ситуацијата изгледа како да излегува од контрола, нормална реакција кај човек би била тој да се постави во некаква одбрамбена позиција, или да се обиде барем да се заштити од потенцијален неконтролиран напад.

Ништо од тоа го нема кај претседавачот со седницата. Симптоматично е што не беше мафијашот Џафери на неговото столче, и дека никој не се осмели него да го нападне кога се приближи до претседавачот да му даде инструкции да прогласи 30 минутен прекин на седницата.

Интересно е дека и опструкцијата не продолжи по прекинот, туку „бунтовниците се задоволија со гласање „против“.


Заклучок

Значи, реална опструкција овде немаше. Реални последици, ниту онакви какви гарантира пратеничкиот имунитет, по двајцата пратеници немаше. Единствено што има е едно видео кое веќе сикофанти на Љевиц го монетизираат по социјални медиуми, а приглупи бумери го прогласија за „најголемиот акт на бунтовност од Илинденското востание наваму“.

Испадна дека бледа апроксимација на методот на делување кој го пропагира Движење Бојкотирам заработува политички поени, но суштински не нè носи поблиску до решавање на нашиот национален проблем. Се додека не добиеме политички претставници кои се подготвени да си го стават сопствениот комфор, привилегии и (зошто да не) живот во ризик, ќе не лажат комуњари од различен ков.

Фокусот на форма над суштина е најголемиот знак дека се работи за комуњарска подвала наместо за нешто автентично. Комуњарот никогаш не е подготвен да се стави себеси како препрека на душманот, туку сакаат други луѓе да набедат на тоа.


За крај, ќе ве оставам уште со потсетување дека истите овие пратеници од Љевиц отворено им се умилкуваа на окупаторските узурпатори отелотворени во мафиозите од ДУИ кога прво влегоа во парламент, бидејќи тогаш мислеа да работат во „рамките на законите и деловникот“. И тогаш, а и денес, Движење Бојкотирам беше во право кога бараше порешителна и посмела акција, и со текот на времето нашите ставови само понатаму се потврдуваат.

Не дозволувајте комуњари да ве лажат.

[object Object]
Ти мене војводо, јас тебе сердаре

Смрт за Северџанистан. Слобода за Македонија!

Да не ја заборавиме оваа лекција од Стефан Влахов Мицов:


3
0
1