Напис
Непочитување на сопственото минато

Како Цицерон го пронајде гробот на Архимед

Додека служеше како квестор во Сицилија во 75та година П.Н.Е., 30 годишниот Цицерон тргна да открие каде лежи изгубениот гроб на големиот математичар Архимед.

„За време на мојот магистрат окрив дека Сиракузанците не знаат ништо за гробот, а некои од нив дури и порекнуваат дека такво нешто некогаш имало. Но јас се сеќавав на некои стихови што прочитав дека се гравирани на неговиот гробен споменик, и на некои описи на врвот на споменикот на кого имало поставено математичка сфера и цилиндер...“

[object Object]
Цицерон го открива гробот на Архимед

„Па се зафатив со грижливо истражување на сите споменици - затоа што има многу гробови близу Портата на Ахрадина - и забележав еден столб како стои над една прерасната грмушка преполна со трња, со слика од сфера и цилиндер на него. Веднаш ги повикав Сиракузанците, затоа што некои од нивните старешини ме придружуваа, да им покажам дека не го измислував она што го барав...“

„Неколку луѓе со српови го подисчистија и направија пат за нас. Кога се приближивме до споменикот, ги пронајдов и стиховите, иако дел од нив беа скоро до половина изгубени на времето“

„И така се случи дека во еден од најблагородничките градови, и тоа град кој е најпрославен по своите учени - никој не знаеше ништо за споменикот на нивниот најголем гениј, и требаше да дојде човек од Арпинум како мене за повторно да им го открие“

- Цицерон ( Tusculan Disputations, 5.64)

Истото, ако не и полошо, се има случено со нас Македонците.

Ние сме луѓе кои, заглавени во секојдневното преживање на „скандал du jour“, одамна сме ги заборавиле нашите херои, нашите учени, нашата славна историја - и сега се дуеме со древноста на името кое не сме способни ниту да го зачуваме, а камо ли да го оправдаме. Дозволуваме да ни ја крадат историјата, традицијата, културата, јазикот, државата и да не третираат како робови, од пуста желба да не мора самите да се грижиме за сите тие работи, туку да дојде некој мудар и праведен како Маршалот, како Кадијата, како Царот и да не куртули од мозок.

Никој не доаѓа да не спаси. Спасителите од минатото се само чуварите во затворот.

Време е Македонците да си го заслужат името пак, со тоа што нема ништо да чекаат да им биде дадено, туку ќе си го земат она што си го заслужуваат.

Затоа што нема модерен Цицерон да не подучи колку сме заборавиле.

Смрт за Северџанистан!


8
0
1