Напис
Бивши припадници на македонскиот народ

Ваши високипреосвештенства, наши отци.

Ниту руската, ниту српската, ниту грко-цариградската патријаршија ќе ви го вратат Македонскиот православен народ, кој го губите кога ја поткопувате валидноста на неговото самостојно прогласување на автокефалната Македонска православна црква во 1967, како кулминација на македонската народноослободителна борба.

[object Object]
Слика 1

Ќе останете само со искомплексирани и залутани користољубци, кои во секое време можат да сменат пастири и да следат повеќе газди истовремено.

Барем вие, помудрите епископи и свештеници, преиспитајте го курсот пред да си ги откинете сопствените корени до крај.

Православни владици и попови без верност кон Македонскиот род може да се најдат на тони. Само ексклузивната верба на Македонскиот народ во вас како негови народни епископи и свештеници може да ве направи незаменливи.

Македонскиот народ си сака добри односи со ситe други православни народи, без етничка или национална дискриминација, но на основа на меѓусебно почитување и рамноправност. Колонијални газди, силувачи, ‘кумови’, ‘татковци’ и ‘мајки’, кои ги оспоруваат и сквернават нашите корени и саможртвувањата на нашите народноослободителни претци никогаш не сме прифатиле како народ и никогаш нема да прифатиме. Отпадниците кои тоа го прават во историјата ќе останат како БИВШИ припадници на македонскиот народ.


7
0
0