Напис
Храбро, онаму каде никој патриот не бил претходно

Додека сеачите на магла потпишуваат декларации на ливче, додека чекаме Македонска крипто-валута, додека да се направи апликација САМО за Македонци...

...IT крилото на Движење Бојкотирам работеше на уникатен концепт за вмрежување и поврзување на сите оние на кои им е важна Македонската кауза. Пред вас е првичната верзија на тој концепт - социјална мрежа на која секој активист, поддржувач, симпатизер, па дури и хејтер, може да создаде свој профил и да го додаде својот глас кон бранот кој се крева за зачувување на Македонскиот национален дух.

Тука можете да:

👉 Направите ваш профил, анонимен или вистински - преку кој ќе може да ги следите нашите иницијативи, но и иницијативите, објавите и вестите на сите други кои имаат профил на dvizenjebojkotiram.org.

👆 Споделите некоја вест релевантна за нашите цели, релевантна за Македонската кауза. Најдете луѓе кои ја делат вашата загриженост за ситуацијата во која се наоѓа Македонија, и сакаат да се ангажираат и да помогнат.

👌Напишете објава, статус, напис - кажете мислење што сакате да го чуе одбрана публика која е заинтересирана за Македонската кауза.

🤘 Постирајте линк до видео, друг вебсајт или до напис било каде на интернет што мислите дека ќе биде интересна за луѓето заинтересирани за Македонската кауза.

Да, ќе биде тешко да се собереме доволно луѓе. Да, ќе се налепат удбаши, тролови и луѓе кои сакаат да ја уништат и оваа иницијатива. Тоа е реалноста на интернет - но со помош на оваа социјална алатка, можете да на секој кој има профил на сајтов да му го посетите профилот и да видите што пишува, за што се залага, во што верува - и на тој начин да можете сами да процените дали вреди да се ангажирате со тој профил.

Овој вебсајт е и полесен начин Движење Бојкотирам да ве извести за сите наши активности во иднина. Вебсајт од кој никој не може да не блокира или да не избрка.

Тука ќе најдете и доста написи од наши активисти и поддржувачи. Ова е само првиот чекор до медиумска независност на Македонците.

„Никогаш Северна. Само Македонија“- секој патриот
[object Object]
Движење Бојотирам

7
6
2